Земјотрес со интензитет од 6,3 степени во близина на источното крајбрежје на Хоншу

Од:

Земјотрес со интензитет од 6,2 степени по Рихтер го погоди денеска јапонскиот остров Мијаке-Јима, во близина на источното крајбрежје на Хоншу, на 175 километри јужно од Токио, соопшти јапонската метеоролошка служба.

Потресот се случи по серија послаби потреси, регистрирани на истото место изминатите неколку часа.

Најсилниот потрес се случил во 17 часот и 57 минути по локално време на вулканскиот остров во префектурата Токио.

Нема информации за жртви и предизвикана материјална штета, ниту опасност од појава на цунами.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја погоди Канада

Земјотрес ја погоди Бугарија

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Лисабон

Силен земјотрес во Карипското Море северно од Хондурас

Во близина на Санторини денес се регистрирани три земјотреси

На Санторини е прогласена вонредна состојба