Силен земјотрес со интензитет од 7,8 степени по Рихтеровата скала беше регистриран во западната пакистанска провинција Белуџистан.
Земјотресот беше почувствуван и во индискиот главен град Њу Делхи. Епицентарот бил на 240 км. југоисточно од градот Далбандин. Засега нема извештаи за штети или жртви.