Земјотрес од 7,4 степени ја погоди Папуа Нова Гвинеја

Од:

Силен земјотрес со интензитет од 7,4 степени по Рихтеровата скала ја погоди денеска островската држава Папуа Нова Гвинеја.

Епицентарот бил на 130 км. јужно од градот Кокопо во североисточниот дел од државата што се наоѓа во Тихиот Океан.

Центарот за предупредување од цунами во Тихиот Океан соопшти дека се можни бранови со височина до еден метар во реон со радиус од 300 км. од епицентарот. Засега нема информации за жртви или материјални штети.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја погоди Канада

Земјотрес ја погоди Бугарија

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Лисабон

Силен земјотрес во Карипското Море северно од Хондурас

Во близина на Санторини денес се регистрирани три земјотреси

На Санторини е прогласена вонредна состојба