Силен земјотрес со интензитет од 6,8 степени по Рихтер синоќа го погоди крајбрежјето на Јапонија, североисточно од Токио, во близина на нуклеарната централа „Фукушима“, соопшти јапонската метеоролошка агенција.
По земјотресот јапонската метеоролошка агенција објави предупредување за опасност од цунами долж северното крајбрежје на земјата, но подоцна истото беше повлечено.
Епицентарот на потресот бил на десет километри под површината на морето. Властите вршат проверка на нуклеарните централи Даичи и Фукишима за можни нови оштетувања.