Земјотрес со интензитет од 6,1 степени според Рихтеровата скала го погоди синоќа северното крајбрежје на Чиле, соопшти американскиот Центар за геолошки истражувања.
Засега нема податоци за жртви или поголема материјална штета.
Епицентарот на потресот бил во Пацификот на околу 20 километри западно од Иквикве во Чиле, со жариште на длабочина од 35,7 километри под океанското дно.