Земјотес со интензитет од 5,8 степени по Рихтер е регистриран денеска во јужната мексиканска држава Оаксака, соопшти Геолошкиот институт на САД.
Потресот со случил во 13:04 часот по локално време на десетина километри западно од градот Пинотепа Насионал. Епицентар бил на длабочина од околу 33 километри.
Земјотресот е почувствуван и во главниот град на Мексико.