Земјотрес со интензитет од 5,6 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска јужен Иран.
Според податоците на Геофизичкиот институт на САД епицентарот бил на 80 километри југоисточно од градот Минаб во јужната иранска провинција Хормозган, во близина на крајбрежјето на Персискиот Залив.
Нема информации за евентуални загинати или за причинета материјална штета.
Едно дете загина, а најмалку 20 лица беа повредени во силниот земјотрес, кој вчера ја погоди истата провинција во јужен Иран.
Потресот беше со интензитет од 6,2 степени според Рихтеровата скала.
Сериозно беа оштетени 400 куќи во пет села во регионот.