Земјотрес на Соломонските острови

Од:

Силен земјотрес со интензитет од 6,1 степени според Рихтеровата скала ги погоди денеска Соломонските острови, соопшти Американскиот институт за геолошки истражувања. Засега нема предупредување за цунами.

Епицентарот бил на длабочина од 72 километри, а 81 километар јужно од градот Пангуна во Папуа Нова Гвинеја. Американскиот институт објави зелена тревога за земјотресот, што значи дека е мала веројатноста да има жртви или штети.

Во февруари, градот Лата беше опустошен по земјотресот со интензитет од осум степени по Рихтер.

Соломонските острови се наоѓаат во трусно подрачје на Тихиот Океан каде се чести земјотресите и ерупциите на вулкани.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја погоди Канада

Земјотрес ја погоди Бугарија

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Лисабон

Силен земјотрес во Карипското Море северно од Хондурас

Во близина на Санторини денес се регистрирани три земјотреси

На Санторини е прогласена вонредна состојба