Земјотрес ја погоди Суматра

Од:

Земјотрес со интензитет од 6,1 степени според Рихтерова скала ја погоди провинцијата Аче, на северот на индонезискиот остров Суматра.

Неофицијално според извештаите има и неколку жртви, но се уште не е издадено соопштение за опасност од цунами.

Епицентарот на земјотресот бил на 188 километри југоисточно од Банда Аче, главниот град на провинцијата Аче, пренесе „Ројтерс“.

Потресот се почувствувал и во Малезија, Сингапур и Тајланд.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја погоди Канада

Земјотрес ја погоди Бугарија

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Лисабон

Силен земјотрес во Карипското Море северно од Хондурас

Во близина на Санторини денес се регистрирани три земјотреси

На Санторини е прогласена вонредна состојба