Земјотрес ја погоди северна Индија

Од:

Земјотрес со интензитет од 5,7 степени според Рихтеровата скала ја погоди северна Индија, соопшти Геофизичкиот институт на САД. Претходно светските агенции јавија дека земјотресот го погодил северозападен Пакистан.

Земјотресот е регистриран во 6:57 часот изутрината според Гринич на длабочина од десет километри.

Епицентарот бил на 17 километри североисточно од индискиот град Бхадарвах во државата Џаму и Кашмир.

Засега нема податоци за евентуални жртви или причинета материјална штета.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја погоди Канада

Земјотрес ја погоди Бугарија

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Лисабон

Силен земјотрес во Карипското Море северно од Хондурас

Во близина на Санторини денес се регистрирани три земјотреси

На Санторини е прогласена вонредна состојба