Земјотрес го погоди источен Иран

Од:

Иранската државна телевизија објави дека земјотрес со јачина 5.4 степени по Рихтер, утрово е регистриран на истокот на Иран, околу 1.000 километри од Техеран.

Во Иран во просек се случува по најмалку еден послаб земјотрес дневно.

Во земјотресот со јачина 6.6 степени по Рихтер, кој во 2003-тата година го срамни историскиот град Бам на југоистокот на Иран, загинаа околу 26 илјади луѓе.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја погоди Канада

Земјотрес ја погоди Бугарија

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Лисабон

Силен земјотрес во Карипското Море северно од Хондурас

Во близина на Санторини денес се регистрирани три земјотреси

На Санторини е прогласена вонредна состојба