Молдавија и Литванија денеска прогласуваат вонредна состојба поради ситуацијата во соседна Украина.
Претседателката на Молдавија, Маја Санду рече дека ќе прогласи вонредна состојба и дека нејзината земја се подготвува да прифати десетици илјади луѓе кои доаѓаат од Украина.
„Ќе им помогнеме на сите на кои им е потребна наша помош и поддршка“ – вели Санду.
Десетици автомобили стоеја во колона на границата меѓу Украина и Молдавија, јавуваат молдавските медиуми.
И претседателот на Литванија, Гитанас Науседа ја донел истата одлука, со тоа што веќе го потпишал указот за прогласување вонредна состојба, а во сила одлуката ќе стапи кога ќе гласа Парламентот.