Зеленски: Украина отвора „центри на непобедливоста“ со греење, струја, вода и интернет

Од:

Украинската влада вчера вети дека ќе изгради засолништа во кои ќе има греење, вода и електрична енергија, предупредувајќи ги граѓаните да штедат енергија за време на немилосрдната руска офанзива која сериозно ја оштети енергетската инфраструктура оваа зима.

-Специјални „центри на непобедливоста“ ќе бидат формирани низ Украина за 24 часа на ден бесплатно да обезбедуваат струја, греење, вода, интернет, мобилни врски и лекови, рече претседателот Володимир Зеленски во своето редовно видео обраќањето до нацијата доцна ноќеска.

Во Украина над 10 милиони потрошувачи имаат прекин во снабдувањето со електрична енергија поради руските напади. Украинскиот национален оператор за електрична енергија вчера соопшти дека штетата е „колосална“.

-Доколку се повторат масивните руски напади и стане јасно дека со часови нема да има струја тогаш „центрите на непобедливост“ ќе тргнат во акција со сите клучни служби, рече Зеленски.

Властите предупредија на исклучувањата на струјата може да погодат милиони луѓе до крајот на март, што е најнов резултат на деветмесечната инвазија на Русија во која веќе загинаа десетици илјади лица, раселени се милиони и опустошена е глобалната економија, пишуваат британските медиуми.

Руските напади врз украинските енергетски капацитети се проследени со серија неуспеси на бојното поле, што вклучуваат повлекување на нејзините сили од јужниот град Херсон до источниот брег на реката Дњепар.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Макрон: Ако руската армија ја пробие линијата на фронтот и Киев не повика, Франција ќе размисли за испраќање војници

Предраг Петровиќ

Русите објавија дека ослободиле уште едно село

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Објава на руски војник стана вирална: „Добредојдовте во пеколот“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Русија објави дека Украина го нападнала Крим со проектилите кои тајно го доби од САД

Катерина Ѓуровски

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски