Зеленски: Украина е подготвена за директни мировни преговори со Русија

Од:

Украина е подготвена за директни мировни преговори со Русија по воспоставување прекин на огнот, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски. Неговата изјава доаѓа еден ден откако рускиот претседател Владимир Путин изрази подготвеност за преговори под исти услови.

– Ние сме подготвени да седнеме (на преговарачка маса) во кој било формат по запирање на огнот – изјави Зеленски на прес-конференција.

Во моментов, САД водат паралелни разговори со Киев и Москва за прекин на војната.

Зеленски додаде дека сака да се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп во Ватикан, каде што двајцата лидери ќе присуствуваат на погребот на папата Франциск в сабота.

– Да, би сакал, подготвен сум. Секогаш сме подготвени за средби со нашите американски партнери – рече украинскиот претседател.

Односите меѓу Киев и новата администрација во Вашингтон се затегнати, а последната средба меѓу Зеленски и Трамп во февруари беше обележана со вербални тензии.

Би можело да ве интересира

Лавров: Зеленски ги саботира напорите на Трамп

Зеленски е подготвен за средба со Путин со посредство на Трамп

ВИДЕО: Путин го тестира НАТО, Трамп може да го натера да се плаши од него, порача Зеленски

Трамп: „Незамисливата омраза“ меѓу Путин и Зеленски го оневозможува дијалогот

(ВИДЕО) Зеленски: Имаме решение за руските беспилотни летала

Зеленски: Безбедносните гаранции можат да се воведат дури и пред крајот на војната