Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека ситуацијата на фронтовите на истокот на земјата се влошува и дека Русија уфрлува се повеќе војници во борбата.
Руските сили се обидуваат да го опколат градот Бахмут и се борат за контрола на блиската главна рута за снабдување на украинските сили. Руските војници се обидуваат да го заземат и градот Вуледар, на околу 120 километри југозападно од Бахмут.
„Честопати морав да кажам дека ситуацијата на фронтот е тешка и станува се потешка, и сега е повторно тоа време. Освојувачот носи се повеќе од своите сили да ја разбие нашата одбрана“, рече Зеленски во своето обраќање.
Сега е многу тешко во Бахмут, Вуледар, Лиман и други правци“, рече тој.