Зеленски: Русија сака да предизвика масовна миграција на Украинците во ЕУ со таргетирање електрани

Од:

Русија ги напаѓа украинските електрани бидејќи сака да ги принуди луѓето да ги напуштат своите домови и да се преселат во земјите на Европската унија, изјави вечерва украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Зеленски претходно оваа недела рече дека Русија веќе уништила околу една третина од електраните во земјата, предизвикувајќи недостиг на електрична енергија и вода пред зимата.

Во четвртокот Киев одлучи да го ограничи снабдувањето со електрична енергија низ целата земја.

Обединетите нации велат дека 7,7 милиони Украинци, приближно 19 отсто од предвоеното население, сега живеат низ Европа од почетокот на инвазијата на 24 февруари. На бегалците им беше тешко да најдат пристојна работа.

„Русија предизвикува нов бран на миграција на Украинците во земјите на Европската унија“, рече Зеленски во видео обраќањето на самитот на ЕУ.

„Целта на рускиот терор против нашите енергетски капацитети е да создаде што е можно повеќе проблеми со електричната енергија и греењето за Украина оваа есен и зима, така што повеќе Украинци ќе заминат во европските земји“, рече тој.

Како одговор, сојузничките земји треба да обезбедат повеќе противвоздушни системи и да воведат дополнителни санкции кон Иран, производителот на беспилотни летала што ги користи Москва, рече Зеленски.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Русите го изведоа досега најголемиот напад со дронови на Украина, погодија критични цели

ВИДЕО: Жесток руски напад на Киев со дронови

Катерина Ѓуровски

Третата светска војна е почната алармира поранешниот украински претседател Порошенко

Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната тврдат аналитичари

Катерина Ѓуровски

Украинците објавија фотографии од Орешник, новата ракета на Путин

Катерина Ѓуровски

Руските сите ноќеска 200 пати ја гаѓале областа Запорожје

Катерина Ѓуровски