Зеленски: Русија ја отфрла можноста за прекин на војната

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека Русија ја отфрла можноста за прекин на војната, мировни преговори и прекин на огнот, додавајќи дека „рускиот терор“ продолжува секојдневно.

„Украина позитивно одговори на сите предлози од Соединетите Американски Држави и претседателот Доналд Трамп во врска со прекинот на нападите и убиствата.

Исто така, предложивме неколку формати за прекин на војната“, рече Зеленски во објава на социјалната мрежа X.

Зеленски додаде дека очекува светот да „извлече заклучоци“ по упадот на „руските беспилотни летала во Полска“ и изјави дека рускиот претседател Владимир Путин е „единствениот кој има интерес да продолжи со убиствата“.

„Клучно е Европа навистина да разбере дека кога станува збор за Русија, не станува збор за еден сосед, туку за сите нив“, пренесува Танјуг.

Во спротивно, Русија ќе извлече свои заклучоци и само ќе ја прошири војната, а не нужно само против Украина“, додаде тој.

Би можело да ве интересира

Русија изврши масивен напад врз Киев, погодени се енергетски објекти и складиште за муниција

„Секој педа руска земја ќе биде вратенa“ – нова порака од Москва

Најмалку три лица загинаа, а 11 се повредени во руски напад врз пазар во регионот на Одеса

Русија и Украина договорија голема размена на воени заробеници

Зеленски бара Европа да биде вклучена во сите мировни преговори

Зеленски го отфрла повлекувањето од Донбас: Нема да се откажам од таа територија заради мир