Зеленски: Русија го изврши најголемиот напад врз Украина во целата војна

Од:

Русија синоќа го изврши најголемиот напад врз Украина во целата војна, истакна украинскиот претседател Володимир Зеленски во објава на Фејсбук, во пресрет на третата годишнина од руската инвазија.

Русија синоќа ја нападна Украина со 267 дронови, информира Зеленски.

– Нашиот народ секој ден се спротивставува на воздушниот терор. Во пресрет на третата годишнина од војната, Русија ја нападна Украина со 267 нападни дронови. Ова е најмасовниот напад откако иранските дронови почнаа да ги погодуваат украинските градови и села. Вкупно за една недела Русија нападна со речиси 1.150 офанзивни дронови, над 1.400 наведувани бомби и 35 ракети од различен тип – соопшти украинскиот претседател.

Тој им се заблагодари на сите кои секојдневно одбиваат вакви напади – авијацијата, противвоздушни ракетни трупи, единици за електронско војување и мобилни огнени единици на воздухопловните сили и одбранбените сили. Зеленски, исто така, им се заблагодари на оние кои се на местата на нападите и ги спасуваат луѓето од последиците од гранатирањето, повикувајќи се на екипите за итни случаи и на полициските службеници.

Украинскиот претседател повика да се направи се што е можно за праведен мир во Украина, што може да се случи „со единство на сите партнери на Украина – Европа, САД и сите кои сакаат траен мир“.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Не присилувам никого да избере страна, но мора да му кажеме на Путин дека греши

Зеленски: Европскиот заем ќе ги зајакне украинската армија и економија

Зеленски: На Европа ѝ е потребен систем за антибалистичка одбрана

Горан Наумовски

Зеленски: Русија би можела да објави општа мобилизација за напад врз Балтикот

Зеленски ги притиска сојузниците: Доста се ветувања, каде се ракетите?

Зеленски: Украинските сили соборија беспилотни летала „Шахед“ за време на војната во Иран