Зеленски: Русија е побројна во Северодоњецк, но можеме да возвратиме

Од:

Претседателот на Украина Володимир Зеленски изјави дека има повеќе руски војници во битката за источниот град Северодоњецк, но дека украинските сили имаат шанса да возвратат.

Зеленски на брифингот во Киев им рече на новинарите дека ситуацијата за Украина ќе стане многу тешка доколку Русија влезе во источниот регион Донбас.

Тој истакна дека Русија постојано сака да го окупира јужниот град Запорожје и дека заканата се надвиснала над тој регион.

Зеленски, исто така, рече дека дури 75 милиони тони жито може да бидат „заробени“ во Украина до есен и дека Киев сака противбродско оружје што може да обезбеди безбеден премин за нејзиниот извоз.

Според Зеленски, на брифингот во Киев, Украина разговарала со Велика Британија и Турција за идејата морнарица на трета земја да гарантира премин на украински житни култури низ Црното Море, онаму каде доминира Русија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Зеленски е подготвен за да ја прекине војната со Русија

Зеленски го назначи новиот командант на копнените сили на Украина

Шолц му вети на Зеленски продолжување на воената помош

Зеленски го потпиша буџетот за 2025-та со 60 проценти од трошоците за одбрана и безбедност

А1он

Зеленски: На повидок е крајот на војната

Зеленски: Украина нема доволно сила