Зеленски: Русија да ја плати агресијата врз Украина со свој имот

Од:

Руската Федерација мора да плати за агресијата врз Украина, а конфискуваните средства мора да бидат насочени кон обнова на украинската држава по воените дејствија, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски на заедничката прес-конференција со летонскиот претседател Едгарс Ринкевичс во Киев.

Зеленски и се заблагодари на Летонија за постојаната поддршка за санкциите против Русија и ја истакна потребата да се работи на блокирање на шемите за избегнување руски санкции на ниво на секоја конкретна земја и Европа како целина, пренесува Укринформ.

„Модерната Русија не верува во ништо друго освен во пари и моќ, така што агресорот мора да ја почувствува нашата сила на бојното поле, силата на политичкото единство на Европа, силата на пакетот санкции. Исто така, агресорот мора да плати најмногу за својата агресија со имотот на оние луѓе кои се поврзани со терористичката држава“, нагласи Зеленски.

Според него, овие средства ќе бидат наменети за закрепнување на Украина по конфликтот.

Тој додаде дека на Украина и се потребни три победи во однос на добивањето помош од партнерите – позитивна одлука за доделување дополнителни средства од американскиот Конгрес, обезбедување пакет од 50 милијарди евра од страна на Европската Унија и почеток на отворен дијалог за иднината на членството во ЕУ.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Вториот мировен самит треба да стави крај на војната

Украина ја забрани употребата на Телеграм на официјалните уреди на службениците

(ВИДЕО) Масовен напад со дронови врз Русија: Гори магацин за оружје, во тек е евакуација

Горан Наумовски

Во Харков е прогласена тревога за воздух, се слушаат експлозии

Целите се означени: Украина е подготвена да нападне

Шведска и Финска: Украина може да ја нападне територијата на Русија без ограничувања