Зеленски: Путин се плаши од директни преговори со мене

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека ќе направи се за планираната средба со Владимир Путин да се одржи оваа недела.

– Ако Путин не е подготвен да дојде во Анкара, јас и Ердоган сме подготвени да летаме за Истанбул. Ќе направиме се за да се одржи таа средба – рече Зеленски.

Тој посочи дека никој освен него не може да преговара со Путин.

– Ако нема средба со Путин, нема да има ни резултати. Сè веќе отиде предалеку. Путин се плаши од директни преговори со мене. Ако Путин не дојде и продолжи да игра, тоа ќе биде последниот доказ дека не сака да ја прекине војната – тврди Зеленски.

Зеленски рече дека доколку преговорите пропаднат, очекува „остри санкции“ од САД и ЕУ, бидејќи тоа ќе покаже дека Русија не е подготвена за дипломатија.

Украинскиот претседател рече и дека го поканил Доналд Трамп на средба со Владимир Путин во Истанбул, но американскиот претседател се уште не потврдил дали ќе присуствува.

Зеленски в четврток во Анкара треба да се сретне со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, а доколку дојде Путин, тој е подготвен да отпатува во Истанбул на директни мировни преговори со рускиот претседател.

Кремљ сè уште не откри кој ќе ја претставува Русија на овие потенцијални преговори. Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков одби да одговори на тоа прашање.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Трамп заслужува Нобелова награда ако донесе мир во светот и украинскиот народ

Мекгрегор: Зеленски продава оружје на нарко-картели во Латинска Америка

Зеленски е критикуван поради страдањето на деца во Донбас

Зеленски е подготвен да разговара за промена на границите

Гончаренко: Зеленски го лаже Западот за корупцијата во Украина

Медведев: Трамп може да му понуди на Зеленски капитулација, а на Маск мисија на Марс