Зеленски продолжи со отпуштања, разрешен е заменик-командантот на гардата

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека донел декрет за смена на заменик-командантот на Националната гарда Руслан Џуба и додаде дека неговите напори за „прочистување“ на владата ќе продолжат, пренесе Ројтерс.

Претходните недели беа сменети неколку десетици државни функционери, а започнаа и големи истраги за криминалните дела извршени од поединци.

Европската унија претходно објави дека решавањето на корупцијата е еден од условите Украина да се приклучи на европскиот блок.

Кога станува збор за отпуштањето на Џјуба, во декретот не се наведени причините за отказот.

Зеленски, кој ја истакна важноста од чистењето на Министерството за одбрана, не го спомна Џуба во дневното видео обраќање.

Наместо тоа, додаде британската новинска агенција, тој рече дека се сретнал со претставници на Министерството за одбрана и претставници на органите за спроведување на законот за да разговараат за начините за заштита на државните институции од внатрешни или надворешни обиди за намалување на нивната ефикасност.

За тековната „чистка“, Зеленски рече дека не се работи само за епизодни настани или кривични постапки.

„Државата ќе продолжи да ги модернизира своите институции. Честа и чесноста на државните структури мора да бидат гарантирани“, рече Зеленски.

Би можело да ве интересира

Украина и Русија тајно започнуваат нови преговори објави Financial Times

Кремљ му се закани на германски гигант за производство на оружје

Русите го нападнаа Киев, 19. пат месецов, има повредени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Русите влегоа во Селидово, источниот фронт се распаѓа

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Русите напредуваат, се поблиску до клучниот град

Предраг Петровиќ

Украина ќе ја заврти славината, рускиот гас за Европа ќе мора по нови рути

Предраг Петровиќ