Зеленски: Присуството на Келог на состанокот на „коалицијата на добронамерните“ е позитивен сигнал од Трамп

Од:

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави дека присуството на специјалниот американски пратеник за Украина, Кит Келог, и американските сенатори на состанокот на „коалицијата на добронамерните“ претставува „позитивен сигнал“ од американскиот претседател Доналд Трамп.

„Мислам дека присуството и на генералот Келог и на сенаторите на Соединетите Американски Држави (Линдзи Греам и Ричард Блументал) е сигнал од претседателот Трамп, позитивен сигнал“, изјави Зеленски пред новинарите на Меѓународната конференција за реконструкција на Украина во Рим, пренесува Укринформ.

Тој рече дека акцентот на состанокот бил ставен на поддршката на Украина, нејзината воздушна одбрана и вооружените сили.

Лидерите на земјите од „Коалицијата на добронамерните“ се согласија денес на состанокот во Рим дека непосредната одбрана на Украина и обновата на украинската армија по прекинот на огнот со Русија мора да бидат приоритет, но и дека е неопходен посилен притисок врз рускиот претседател Владимир Путин за да се склучи прекин на огнот.

Покрај Франција и Велика Британија, „коалицијата на добронамерните“ вклучува уште 31 земја, вклучувајќи ги Германија, Италија, Полска, Турција, Шпанија и балтичките земји.

Би можело да ве интересира

Зеленски бара Европа да биде вклучена во сите мировни преговори

Зеленски го отфрла повлекувањето од Донбас: Нема да се откажам од таа територија заради мир

(ВИДЕО) Трамп: Омразата меѓу Путин и Зеленски е главната пречка за мир, Украина ќе има поинакви граници

Зеленски бара јасни безбедносни гаранции: Кој и како ќе реагира ако Русија повторно ја нападне Украина?

Вајдел бара Зеленски во Берлин да одговори на наводите за незаконско приведување и малтретирање луѓе

Зеленски со директна порака до Трамп: „Притиснете го Путин, а не мене“