Зеленски: Присуството на Келог на состанокот на „коалицијата на добронамерните“ е позитивен сигнал од Трамп

Од:

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави дека присуството на специјалниот американски пратеник за Украина, Кит Келог, и американските сенатори на состанокот на коалицијата на добронамерните“ претставува позитивен сигнал“ од американскиот претседател Доналд Трамп.

Мислам дека присуството и на генералот Келог и на сенаторите на Соединетите Американски Држави (Линдзи Греам и Ричард Блументал) е сигнал од претседателот Трамп, позитивен сигнал“, изјави Зеленски пред новинарите на Меѓународната конференција за реконструкција на Украина во Рим, пренесува Укринформ.

Тој рече дека акцентот на состанокот бил ставен на поддршката на Украина, нејзината воздушна одбрана и вооружените сили.

Лидерите на земјите од Коалицијата на добронамерните“ се согласија денес на состанокот во Рим дека непосредната одбрана на Украина и обновата на украинската армија по прекинот на огнот со Русија мора да бидат приоритет, но и дека е неопходен посилен притисок врз рускиот претседател Владимир Путин за да се склучи прекин на огнот.

Покрај Франција и Велика Британија, коалицијата на добронамерните“ вклучува уште 31 земја, вклучувајќи ги Германија, Италија, Полска, Турција, Шпанија и балтичките земји.

Би можело да ве интересира

Зеленски прогласи „победа“: Ја браневме слободата и знамето

Горан Наумовски

Орбан во кампањата објави отворено писмо до Зеленски: „Жал ни е за украинскиот народ, но не сакаме да учествуваме во војната“

Путин го покани Зеленски да дојде во Москва

Седум полицајци се повредени во експлозија во Украина, Зеленски тврди: Тоа е тероризам

Зеленски: САД да останат на страната на Украина

Орбан: Зеленски мора да знае дека со напад на Унгарија може само да изгуби