Зеленски: Подготвени сме за дијалог, но не со Путин

Од:

Во Украина денеска се одржа итен состанок на Советот за национална безбедност, а претседателот на Украина, Володимир Зеленски по состанокот најави дека зајакнувањето на Украина и протерувањето на окупаторите од нејзината територија е единствениот начин за воспоставување мир.

– Ќе одиме по овој пат. Исто така, Украина беше и останува лидер во преговарачките напори. Ние сме тие што и понудивме на Русија да се согласи на соживот под еднакви, фер и достоинствени услови. Очигледно е дека тоа не е можно со овој руски претседател – рече Зеленски.

Тој додаде дека Украина се уште е подготвена за дијалог, но не со Путин.

– Тој не знае што е достоинство и чесност. Подготвени сме за дијалог, но со друг претседател – додаде Зеленски.

Би можело да ве интересира

Зеленски го потпиша буџетот за 2025-та со 60 проценти од трошоците за одбрана и безбедност

А1он

ВИДЕО: Русите го изведоа досега најголемиот напад со дронови на Украина, погодија критични цели

ВИДЕО: Жесток руски напад на Киев со дронови

Катерина Ѓуровски

Третата светска војна е почната алармира поранешниот украински претседател Порошенко

Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната тврдат аналитичари

Катерина Ѓуровски

Украинците објавија фотографии од Орешник, новата ракета на Путин

Катерина Ѓуровски