Зеленски: Подготвен сум да поднесам оставка ако тоа донесе мир во Украина или членство во НАТО

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека е подготвен да поднесе оставка доколку тоа донесе мир за Украина или доколку е услов за членство во НАТО, пренесува „Укринформ“.

Говорејќи на форум во Киев, Зеленски беше прашан дали би се повлекол од функцијата во замена за мир во земјата, на што тој одговори: Да, ако тоа значи мир за Украина, ако навистина треба да ја напуштам функцијата – подготвен сум. Втора можност е тоа да се замени за НАТО. Ако такви услови бидат поставени – веднаш“.

Тој истакна дека нема намера да остане на власт со децении.

– Фокусиран сум на безбедноста на Украина денес, а не за 20 години. Не планирам да останам на власт со децении, додаде Зеленски.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Има шанса за мир со Русија во следните 12 месеци

Пресметката меѓу Зеленски и Кличко влезе во својата последна фаза

Судот во Полска осуди руски агент кој сакаше да го убие Зеленски

Путин инсистира Зеленски да дојде во Москва

„Фајненшл тајмс“: САД ја уценува Украина со мировниот договор

Зеленски: Кучето на Лукашенко има повеќе права од граѓаните во Белорусија