Зеленски по најавата за примирје: Путин манипулира со животите на луѓето

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски по најавата на рускиот претседател Владимир Путин за привремено Велигденско примирје, истакна дека целата територија на Украина е под предупредување за воздушни напади.

Зеленски рече дека украинските сили ги „држат своите позиции“.

„Штотуку добив извештај од врховниот командант Олександар Сирски. Денес нашите сили продолжија да дејствуваат на територијата на регионот Курск и ги држат своите позиции. Во регионот Белгород нашите борци напредуваа и ја проширија зоната на контрола“ вели Зеленски.

Според него, Путин повторно се обидува да манипулира со животите на луѓето.

„Во 17:15 часот на нашето небо беа откриени руски нападни беспилотни летала. Украинската воздушна одбрана и авијацијата веќе почнаа да дејствуваат за да не штитат. Присуството на дронови Шахед во нашиот воздушен простор јасно го открива вистинскиот став на Путин кон Велигден и кон човечките животи“ рече Зеленски.

Би можело да ве интересира

Лавров: Зеленски ги саботира напорите на Трамп

Зеленски е подготвен за средба со Путин со посредство на Трамп

ВИДЕО: Путин го тестира НАТО, Трамп може да го натера да се плаши од него, порача Зеленски

Трамп: „Незамисливата омраза“ меѓу Путин и Зеленски го оневозможува дијалогот

(ВИДЕО) Зеленски: Имаме решение за руските беспилотни летала

Зеленски: Безбедносните гаранции можат да се воведат дури и пред крајот на војната