(ВИДЕО) Зеленски по кандидатскиот статус на Украина за ЕУ: Најважна одлука во 30-те години независност

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа преку видео линк пред Европскиот совет одржа краток говор по повод историската одлука со која на Украина и се додели кандидатски статус за членство во ЕУ.

dobivaj vesti na viber

-Една од најважните одлуки за Украина во сите триесет години од независноста на нашата земја. Сепак, оваа одлука не е само за Украина, рече украинскиот претседател.

„Ова е најголемиот чекор во зајакнувањето на Европа што може да се направи токму сега, токму во наше време, и токму во такви услови, кога руската војна ја испитува нашата способност да ја зачуваме слободата и единството. Благодарение на самитот на сите европски лидери“, додаде Зеленски.

-Благодарност до нашите херои, до сите оние кои со оружје во рацете ја бранат независноста на Украина и слободата на Европа. Ви благодарам! Ви благодариме што ја направивте новата историја на Европа уште посилна, уште послободна. Слава на Украина!, рече Зеленски во обраќањето до лидерите од Советот на ЕУ во Брисел, на кој неговата земја се стекна со статус кандидат за членство во ЕУ.

Би можело да ве интересира

ЕУ следниот месец може да одобри комбинирани вакцини против коронавирусот

А1он

Србија e единствена земја-кандидат што не ја почитува одлуката на ЕУ за мерките за борба против тероризмот

А1он

Работници од окупираната нуклеарна централа за Би-Би-Си: Русите нè имаат на нишан, тука изградија база

Уцената на Калуш Оркестра за „чистка“ на сцената од Руси не успеа, нема да настапат на фестивалот

Велика Британија, Данска и Германија најавија дополнителна воена помош за Украина

А1он

ОН негираат дека Анкара од Киев добила поевтино жито

Ана Ололовска