Зеленски незадоволен од одлуката на НАТО: Ова е апсурдно и без преседан

Од:

Би било апсурдно доколку на Украина не и се понуди временска рамка за членство во НАТО на самитот на Алијансата во Вилнус, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Невидено е и апсурдно што не е поставена временска рамка, ниту пак поканата на НАТО за самата Украина за членство. Додека во исто време се дава нејасна формулација за „условите“ за покана на Украина, напиша Зеленски на својот профил на Телеграм.

Тој додаде дека ако тоа трае, неизвесноста околу членството на Украина во НАТО може да и даде на Русија „мотив да продолжи со својот терор“.

„Неизвесноста е слабост. И отворено ќе зборувам за тоа на самитот“, напиша Зеленски.

Зеленски во видеообраќање најави дека во Вилнус ќе има билатерални средби на различни нивоа, меѓу кои ќе има средби со претставници на европските земји, Америка, Канада и Јапонија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем напад со дронови на Русија, наредена евакуација: оштетена трафостаница кај нукеларката во Запорожје

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Лавров: Се однесуваат како мали деца

Катерина Ѓуровски

Предупредување од Москва: Подгответе се, доаѓаме по вас

Катерина Ѓуровски

Британија нема да дозволи Украина да гаѓа цели во Русија без согласност на САД

На Шолц му е кажано: „Русија е непобедлива“

ВИДЕО: Русија го нападна Киев

Катерина Ѓуровски