Зеленски: Нема територијални отстапки за мир во Украина

Од:

Претседателот на Украина – Володимир Зеленски ја отфрли секоја можност за територијални отстапки во замена за мир, нагласувајќи дека суверенитетот на Украина е недопирлив. Ова следи по најавата за средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин, закажана за 15 август во Алјаска.

„Одговорот на територијалното прашање е јасно утврден во Уставот на Украина. Никој нема право да отстапи од тоа, ниту Украина ќе ѝ ја даде својата земја на окупаторот“, изјави Зеленски.

Тој додаде дека Украина е отворена за реални решенија кои ќе донесат мир, но само под достоинствени и јасни услови.

„Оваа војна мора да заврши, а Русија треба да ја прекине. Русија ја започна и ја одолговлекува војната, игнорирајќи ги сите рокови“, нагласи Зеленски.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Европа мора да учествува во одлуките за завршување на војната

Меркурис: Зеленски сака замрзнување на конфликтот, а не преговори

Ушаков: Путин му ја гарантира безбедноста на Зеленски доколку дојде во Москва

„Дејли експрес“: Медведев му порача на Трамп да нареди ликвидација на Зеленски

Зеленски прифаќа замрзнување на војната, но не и признавање на окупираните територии за руски

Каспаров: Зеленски учествува во бесмислени преговори, жал ми е за него