Зеленски: На Украина не и треба привремен прекин на огнот, туку крај на војната

Од:

На Украина не и треба привремен прекин на огнот, туку траен крај на војната, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски по разговорите со германскиот канцелар Олаф Шолц.

Зеленски рече дека имал „отворен дијалог“ со Шолц за безбедноста и дека заедно ќе работат на единството на Европа околу Украина, пренесува Укринформ.

– Сите сакаме безбедна иднина за нашиот народ. Не привремен прекин на огнот, туку крај на војната засекогаш. Благодарение на нашата координација и американското раководство, тоа е апсолутно можно да се постигне – рече Зеленски.

Тој, исто така, се заблагодари на Германија за пружањето помош и „заштитата на илјадници луѓе“.

Портпаролот на германската влада претходно изјави дека Шолц и Зеленски потврдиле дека американскиот претседател Доналд Трамп има клучна улога во преговорите со Русија.

Тие се согласија „за важноста на лидерската улога на американскиот претседател, со цел да се постигне брз почеток на прекинот на огнот и траен мир за Украина“, рече портпаролот, пренесе Ројтерс.

Тој додаде дека Шолц ја поздравил подготвеноста на Зеленски да ги започне мировните преговори што е можно поскоро и ја изразил „постојаната и непоколеблива солидарност на Германија со Украина“.

Би можело да ве интересира

Зеленски прогласи „победа“: Ја браневме слободата и знамето

Горан Наумовски

Орбан во кампањата објави отворено писмо до Зеленски: „Жал ни е за украинскиот народ, но не сакаме да учествуваме во војната“

Путин го покани Зеленски да дојде во Москва

Седум полицајци се повредени во експлозија во Украина, Зеленски тврди: Тоа е тероризам

Зеленски: САД да останат на страната на Украина

Орбан: Зеленски мора да знае дека со напад на Унгарија може само да изгуби