Зеленски: На силите во регионот Доњецк им треба значително зајакнување

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е потребно значително зајакнување на силите во регионот на Доњецк.

„Во Доњецк имаат потреба од значително зајакнување. И ова особено се однесува на набавката на оружје од партнерите. Тоа е директна зависност: колку е поголема огнената моќ на нашата армија, колку повеќе технолошки способности имаме, толку повеќе ќе можеме да го уништиме рускиот офанзивен потенцијал и да ги заштитиме животите на нашите војници“, рече Зеленски.

Според него, Украина детално разговара за тоа со своите партнери и работи самостојно, зголемувајќи го сопственото производство и украинската одбранбена индустрија.

– Нашите долгорочни можности ќе се зголемат, нагласи Зеленски.

Би можело да ве интересира

Реакции на европските лидери по средбата Трамп-Зеленски: Украина не е сама

А1он

Руски медиуми: На Зеленски не му бега Гвантанамо

А1он

Зеленски: Не направивме ништо лошо, не му должам извинување на Трамп

А1он

Големо понижување на Зеленски: Го избркаа од Белата куќа

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Порака од Америка: Зеленски, поднеси оставка или прифати ги последиците

Првата одлука на Стејт департментот по хаосот во Белата куќа: Се укинува поддршката за Киев

Предраг Петровиќ