Зеленски му одговори на Путин: Од утре сме подготвени за примирје

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски реагираше на повикот на рускиот претседател Владимир Путин за директни преговори за постојан мир, нагласувајќи дека тоа е позитивен сигнал и дека целиот свет долго време чека на таков чекор.

Зеленски преку платформата Х рече дека првиот и неопходен чекор кон крајот на војната е прекин на огнот.

„Тоа е позитивен знак дека Русите конечно почнаа да ја разгледуваат можноста за завршување на војната. Целиот свет го чекаше тоа многу долго. Првиот чекор кон вистинскиот крај на секоја војна е прекин на огнот“ – напиша Зеленски.

Украинскиот претседател додаде дека нема смисла да се продолжи конфликтот „ниту еден ден подолго“ и дека очекува Русија да го потврди прекинот на огнот уште на 12 мај.

„Нема смисла да се продолжи со убиството уште еден ден. Очекуваме Русија да потврди прекин на огнот – целосен, постојан и сигурен – почнувајќи од утре, 12 мај, а Украина е подготвена да се сретнеме“ напиша Зеленски.

Путин претходно предложи директни разговори да се одржат на 15 мај во Истанбул, со поддршка на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Киев до сега официјално не коментираше за местото и датумот на средбата, но Зеленски јасно укажа на подготвеноста за почеток на мировните преговори, со услов прекинот на огнот веднаш да се случи.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Трамп заслужува Нобелова награда ако донесе мир во светот и украинскиот народ

Мекгрегор: Зеленски продава оружје на нарко-картели во Латинска Америка

Зеленски е критикуван поради страдањето на деца во Донбас

Зеленски е подготвен да разговара за промена на границите

Гончаренко: Зеленски го лаже Западот за корупцијата во Украина

Медведев: Трамп може да му понуди на Зеленски капитулација, а на Маск мисија на Марс