Зеленски ја обиколи пограничната област од каде беше започнат упадот во регионот Курск

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска соопшти дека ја посетил пограничната област во североисточниот дел на земјата од каде што украинските сили започнаа голема офанзива против рускиот регион Курск.

Тој рече дека се сретнал со врховниот командант на украинската армија, Олександр Сирски, за време на посетата на регионот Суми, повеќе од две недели откако Киев направил пробив преку руската граница со илјадници свои војници, пренесе Ројтерс.

Зеленски додаде дека во некои области на регионот Курск под контрола на Украина се извршени заробувања што овозможуваат размена, мислејќи на заробените руски војници кои може да се разменуваат за украински затвореници што ги држи Москва.

Упадот во регионот Курск обезбеди голем морал за украинската армија по неколкумесечниот бавен, но постојан руски напредок во источна Украина, објави Ројтерс.

Киев соопшти дека создал тампон зона во областа во регионот Курск од каде руските сили гаѓале цели во Украина.

Зеленски, исто така, во изјавата наведе дека од операцијата во областа Курск, гранатирањето е намалено, како и загубите на цивили во областа Суми.

Тој додаде дека Сирски го информирал за чекорите што Украина ги презема за зајакнување на одбраната на источните граници во близина на населбите Торецк и Покровск, каде Москва со месеци ги концентрира офанзивните сили.

Би можело да ве интересира

Зеленски: На повидок е крајот на војната

Зеленски: Украина нема доволно сила

Зеленски: Кој ќе и помага на Русија ќе му се одзема се

Зеленски го претстави Планот за стабилност од 10 точки: Нема да се откажеме од правото на територија

А1он

Зеленски: Шолц ја отвори „Пандорината кутија“

Горан Наумовски

Војната ќе „заврши побрзо“ со Трамп како претседател, вели Зеленски