Зеленски испрати писмо до Трамп и се извини за конфликтот во Белата куќа

Од:

Специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за Блискиот Исток – Стив Виткоф денеска потврди дека украинскиот претседател Володимир Зеленски му се извини на Трамп во писмо по дискусија и вербалниот конфликт на состанокот во Овалната соба.

„Зеленски испрати писмо до претседателот Трамп. Тој се извини за целиот инцидент што се случи во Овалната соба. Мислам дека тоа беше важен чекор“, рече Виткоф во изјава за „Фокс њуз“.

Американските и украинските власти треба да се сретнат во Саудиска Арабија оваа недела за да ги обноват мировните преговори за ставање крај на војната со Русија.

Виткоф истакна дека писмото со извинување до Трамп го смета за „прогрес“.

Во неговото заедничко обраќање до Конгресот, Трамп рече дека добил писмо од Зеленски во обид да ги подобри односите меѓу двете земји.

Трамп изрази благодарност за писмото, кое дојде само неколку дена откако САД ја прекина воената помош за Украина.

На крајот на февруари 2025 година, за време на состанокот во Овалната соба, имаше жестока дискусија меѓу претседателот Трамп и претседателот Зеленски.

Состанокот, кој требаше да резултира со потпишување договор за ретки минерали, се претвори во вербална конфронтација откако Зеленски го критикуваше пристапот на Трамп кон рускиот претседател Владимир Путин.

Трамп го предупреди Зеленски дека „се коцка со Третата светска војна“ и ја истакна потребата од поголема благодарност од Украина за американската помош.

По средбата, Зеленски изрази жалење за инцидентот, но не упати директно извинување. Тој ја истакна подготвеноста на Украина да ги продолжи преговорите и да постигне траен мир.

Кавгата во Овалната соба дополнително ги усложни односите меѓу САД и Украина, особено во контекст на прекинот на американската воена помош за Украина, што е од клучно значење за спротивставување на руската инвазија.

Би можело да ве интересира

Политико: Зеленски се соочува со тежок избор – Планот на Трамп или нестабилни Европејци

Горан Наумовски

Зеленски: Границите не можат да се менуваат со сила

Европа објави план контра американскиот: Има 24 точки и е прифатлив за Украина

Трамп лут на Украина: „неблагодарници“

Мамдани до Трамп: Израел врши геноцид, а нашата влада го финансира

А1он

Трамп сурово ѝ се закани на Украина: Зеленски ќе мора да го прифати мировниот план!