Зеленски и Кошта подготвуваат нов пакет санкции против Русија

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски разговараше со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, за понатамошните заеднички активности по резултатите од разговорите со американскиот претседател Доналд Трамп во Вашингтон, како и за подготовката на нов, 19-ти пакет санкции на ЕУ против Русија.

„Разговаравме и за нашите понатамошни чекори и подготовката на нов, 19-ти пакет санкции на ЕУ против Русија. Притисокот мора да се зголеми сè додека Русија не преземе вистински чекори за да ја запре војната“, нагласи Зеленски.

Зеленски рече дека сигурните безбедносни гаранции за Украина што ќе функционираат се „најважното достигнување на заедничката работа – на сите партнери, и најважно, на украинската храброст, која ја одбрани нашата независност.

Зеленски рече дека со Кошта разговарал за резултатите од состанокот на Европскиот совет и понатамошните заеднички активности.

„Ја цениме единството и непоколебливата поддршка на Европската Унија. Се согласивме да продолжиме со тесната соработка“, рече Зеленски.

Би можело да ве интересира

Олејник: Зеленски од почетокот на војната во 2022 година помина само 40 отсто од работното време во Украина

Зеленски: Русија подготвува нов масовен напад врз украинската инфраструктура

Горан Наумовски

Кошта испрати порака до Западен Балкан: Членството во ЕУ е остварливо!

А1он

Зеленски: Ќе побарам од новиот Конгрес на САД да го зголеми притисокот врз Русија

САД ја притискаат Украина да постигне мировен договор со Русија до јануари: Киев стравува од големи отстапки

Предраг Петровиќ

Зеленски: Постои огромна шанса за мир доколку САД навистина извршат притисок врз Путин