Зеленски го прогласи Залужни за херој на Украина

Од:

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска го прогласи Валериј Залужни за херој на Украина, еден ден откако популарниот генерал беше сменет од функцијата врховен командант на армијата, пренесува Укринформ.

„За исклучителни лични заслуги во заштитата на државниот суверенитет и територијалниот интегритет на Украина, несебичното служење на украинскиот народ, наредувам: да му се додели титулата Херој на Украина со наградата Орден Златна ѕвезда на генералот Залужни Валери Федорович“, се наведува во указот на украинскиот претседател.

Вчера Зеленски го назначи Олександр Сирски за врховен командант на вооружените сили на Украина, откако претходно беше разрешен Залужни.

Би можело да ве интересира

Оние 300 милијарди долари што Западот ги замрзна на Русија сега стануваат многу важни

А1он

Кличко: Киев цел на повеќечасовен руски воздушен напад

А1он

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Москва: Терористичките групи ширум светот се снабдуваат со западно оружје од Украина

Трамп и понуди на Украина „подобрен“ нацрт-договор за минерални суровини