Зеленски го обвини Путин за смртта на Навални

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска го обвини рускиот претседател Владимир Путин за смртта на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални.

На заедничката прес-конференција со германскиот канцелар Олаф Шолц во Берлин, Зеленски изјави дека е „очигледно“ дека Путин „го убил Навални“.

Зеленски рече дека на Путин „не му е гајле кој ќе умре“ и дека рускиот претседател се грижи само да остане на власт, пишува германски Велт.

Тој изјави дека Путин „треба да изгуби сè“ и e „одговорен за злосторствата“.

Навални почина денеска во затворска колонија во автономниот округ Јамало-Ненец на 48-годишна возраст.

Канцеларијата на Федералната поправна служба на Русија за автономниот округ Јамало-Ненец соопшти дека по прошетката, Навални се почувствувал лошо и изгубил свест, по што неуспешно бил реанимиран, а причината за смртта се утврдува.

Навални отслужи 30-годишна затворска казна во тој руски регион под обвинение за екстремизам и измама, а беше познат како остар критичар на Кремљ.

Би можело да ве интересира

Имаме документи кои докажуваат дека Навални бил отруен во затвор тврди руски Инсајдер

Московскиот суд ја потврди одлуката за апсење на Јулија Навални во отсуство

Судот во Москва издаде потерница по Јулија Навални

Горан Наумовски

„Волстрит журнал“: Путин не наредил ликвидација на неговиот политички ривал Навални

Навални пред смртта напишал автобиографија

Рокот за прелиминарната истрага за смртта на Навални е продолжен