Зеленски ги повика светските лидери да се соочат со Русија за да се зачува редот

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ги повика светските лидери да направат меѓународниот поредок заснован на правила „повторно да функционира“ од меѓународната заедница која се спротивставува на употребата на сила од Русија.

Во видео обраќањето на глобалната конференција за демократија, организирана од Јужна Кореја, Зеленски рече дека многу нации и региони во светот ќе имаат корист од обновувањето на меѓународното владеење на правото, пренесува Ројтерс.

„Заедно мораме да направиме силата која полуде, повторно да ги почитува правилата и мораме да направиме тие правила повторно да функционираат“, рече тој на Самитот за демократија.

Би можело да ве интересира

Маск: Треба да му се понуди амнестија на Зеленски

Зеленски: Украина се залага за праведен и траен мир

Ројтерс: Америка и Украина ќе потпишат договор за минерални суровини

Горан Наумовски

Се огласи Зеленски и рече дека му е жал за спорот во Белата куќа

Горан Наумовски

Зеленски е подготвен да потпише договор за минерали и безбедност со САД

Горан Наумовски

Трамп ја стопира воената помош за Украина

Предраг Петровиќ