Зеленски: Доколку се постигне примирје на техничко ниво, средбата со Путин е непотребна

Од:

Украинскиот претседател – Володимир Зеленски попладнево изјави дека доколку денеска се постигне примирје на техничко ниво, средбата со рускиот претседател Владимир Путин е непотребна.

Тој, исто така, рече дека доколку Русија не покаже подготвеност за разговори, мора да се изврши поголем притисок врз Москва, јавија британските медиуми.

Зеленски истакна дека украинската делегација на мировните преговори во Истанбул ќе ја предводи министерот за одбрана, Рустем Умеров, додека тој самиот нема да присуствува на состанокот бидејќи рускиот претседател Владимир Путин, исто така, нема да биде присутен, туку ќе испрати делегација од „пониско ниво“.

Зеленски, по средбата со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Анкара, изјави дека Киев е подготвен за безусловно 30-дневно примирје со Москва.

Би можело да ве интересира

Христофору: Зеленски доживува политички слом поради заладените односи со Вашингтон

Зеленски: САД им се заканиле на украинските генерали со прекин на размената на разузнавачки информации без мое знаење

Горан Наумовски

Зеленски: Партнерите не ја предупредија Украина за можни напади

Зеленски: Ако Русија не се согласи на примирје, ќе одговориме

„Зеленски го загуби трпението, ги нападна Американците“

Зеленски побара од Трамп да удри со санкции по руско-кинескиот „Starlink“