Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека бојното поле ќе стане уште поболно за руските војници по вчерашните жестоки напади врз украинските градови и цивили.
Украинскиот претседател рече дека воздушната одбрана е „приоритет број еден“ откако илјадници луѓе го поминаа понеделникот во засолништа додека експлозиите ги потресоа градовите низ земјата.
Најмалку 14 лица загинаа, а 97 се повредени во нападите на Киев, Харков, Днипро, Лавов, Суми, Запорожје, Житомир и на други места.
Зеленски вети обнова на се што беше оштетено во нападите и повотрно повика Западот да и даде оружје на неговата земја. САД веќе најавија дека ќе и испратат системи за возхушна одбрана на Украина.