Зеленски: Без притисок врз Москва, не може да се постигне праведен мир

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека телефонски разговарал со генералниот секретар на НАТО – Марк Руте за заедничките чекори и потребата да се изврши притисок врз Русија за да се обезбеди „праведен мир“.

– Важно е сите одлуки да бидат координирани. Тогаш санкциите ќе функционираат. Без притисок врз Москва, не може да се постигне праведен мир. Сите го разбираат тоа, напиша Зеленски на својот профил на платформата Телеграм.

Во последните два дена, Зеленски ги повика европските лидери да го зголемат притисокот врз Русија, по телефонскиот разговор меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот.

Зеленски разговараше со германскиот канцелар Фридрих Мерц за закрепнувањето на Украина по завршувањето на војната и координацијата меѓу партнерите за ставање крај на конфликтот, додека со италијанскиот премиер Џорџа Мелони разговараше за можните платформи за преговори со Русија.

Со британскиот премиер Кир Стармер, тој разговараше за напорите за постигнување траен мир во Украина, а ги поздрави и новите британски санкции против Русија, додека со францускиот претседател Емануел Макрон разговараше за поддршката на украинската армија од Париз и соработката во областа на одбраната, како и за односите и координацијата со САД.

Би можело да ве интересира

Зеленски бара Европа да биде вклучена во сите мировни преговори

Зеленски го отфрла повлекувањето од Донбас: Нема да се откажам од таа територија заради мир

(ВИДЕО) Трамп: Омразата меѓу Путин и Зеленски е главната пречка за мир, Украина ќе има поинакви граници

Зеленски бара јасни безбедносни гаранции: Кој и како ќе реагира ако Русија повторно ја нападне Украина?

Вајдел бара Зеленски во Берлин да одговори на наводите за незаконско приведување и малтретирање луѓе

Зеленски со директна порака до Трамп: „Притиснете го Путин, а не мене“