Зеленски: Бахмут е нашата тврдина

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Киев ќе се бори да го задржи градот Бахмут онолку долго колку што може и го повика Западот да испорача оружје со долг дострел за да помогне во туркањето на руските сили од Донбас.

– Никој нема да го даде Бахмут, кој го сметаме за наша тврдина и ќе се бориме за него се додека можеме – рече украинскиот претседател, пренесе Ројтерс.

На прес-конференција во Киев, заедно со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, тој рече дека Украина може да го задржи Бахмут и да го ослободи Донбас доколку добие оружје со долг дострел.

Украинскиот претседател додаде дека Европската унија и воведува санкции на Русија со цел да ја спречи да ги обнови своите воени капацитети.

Зеленски денеска е во Киев каде што е домаќин на претставници на Европската унија, кои претходно ветија дека ќе ја поддржат Украина онолку долго колку што е потребно, но го негираат нејзиниот брз пат кон приклучување кон европскиот блок.

Би можело да ве интересира

Лавров доаѓа во ЕУ во декември, првпат од почетокот на војната во Украина

Катерина Ѓуровски

Украина и Русија тајно започнуваат нови преговори објави Financial Times

Кремљ му се закани на германски гигант за производство на оружје

Русите го нападнаа Киев, 19. пат месецов, има повредени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Русите влегоа во Селидово, источниот фронт се распаѓа

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Русите напредуваат, се поблиску до клучниот град

Предраг Петровиќ