Зеленски: Ако Трамп донесе мир во Газа, може да донесе и во Украина

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека за време на „многу позитивен“ телефонски разговор, го повика својот американски колега Доналд Трамп да преговара за мир во Украина по постигнувањето на договор за прекин на огнот во Газа.

„Му честитав на претседателот Доналд Џ. Трамп за неговиот успех и договорот за Блискиот Исток што успеа да го постигне, што е извонредно достигнување. Ако војната може да се запре во еден регион, тогаш сигурно можат да се запрат и други војни, вклучително и војната што ја води Русија“, напиша Зеленски на својата Фејсбук страница.

Зеленски рече дека го информирал Трамп за руските напади врз енергетскиот систем на Украина, еден ден по едно од најголемите бомбардирања, кое остави десетици илјади домаќинства без електрична енергија и уби седумгодишно дете.

„Разговаравме за можностите за зајакнување на нашата воздушна одбрана“, рече тој, но не даде дополнителни детали.

„Мора да има подготвеност од руска страна да се започне искрена дипломатија, а тоа може да се постигне со сила“, додаде тој.

Се очекува украинската делегација предводена од премиерката Јулија Свириденко да отпатува во Соединетите Држави на почетокот од следната недела за да разговара за можните санкции, енергијата и украинската воздушна одбрана.

Би можело да ве интересира

Иран: Трамп лаже, не бараме прекин на огнот

Зеленски: Сојузниците нè молат да ги запреме нападите врз руската енергетска инфраструктура

А1он

(ВИДЕО) Трамп се потсмеваше со саудискиот принц: Не мислеше дека ќе ми го бакне задникот!

А1он

Трамп: Куба е следна, преправајте се дека не го кажав тоа

А1он

Трамп: Ја добивме војната со Иран, никогаш нема да имаaт нуклеарно оружје

А1он

Украина тврди дека има докази: Русија сè уште му помага на Иран

А1он