Здруженија на европски судии го оспоруваат одобрувањето на ЕУ на планот за закрепнување на Полска

Од:

Здруженија на европски судии ја оспоруваат пред Европскиот суд одлуката за одобрување на полскиот план за закрепнување и отпорност.

Пристапот на Полска до грантови и заеми на ЕУ беше блокиран поради спорот околу независноста на судството во земјата.

Но Европската комисија во јуни го одобри полскиот план за закрепнување и отпорност, отворајќи го патот за Варшава да пристапи до финансиите.

Одлуката ја потврди и Советот на ЕУ за економски и финансиски прашања.

Четири европски судски асоцијации – Асоцијација на европски административни судии, Европска асоцијација на судии, Rechters voor Rechters и Европски судии за демократија и слобода ја оспоруваат одлуката пред Генералниот суд на ЕУ.

– Со ова барање се бара поништување на одлуката на Советот, се вели во соопштението, во кое се објаснува дека владеењето на правото во Полска „не го исполнува она што е неопходно за да се гарантира ефективна судска заштита и ги занемарува пресудите на Европскиот суд на правдата по ова прашање“.

Портпарол на полската Влада рече дека одлуката на Советот останува во сила и оти правните дејствија на судските здруженија се „неосновани“.

Полска во мај усвои закон за замена на контроверзниот судски дисциплински совет со ново тело, а ЕУ тогаш објави дека одлуката не ги опфаќа сите проблематични области и оти допрва треба да се направи официјална проценка.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Остатоци од ракетата на Маск паднаа на неколку места во Полска

Шпионска афера во Полска, оставка поднесе шефицата на полското Биро за борба против корупција

Русин е депортиран од БиХ, планирал саботажи против Полска, САД и други земји

Туск: ЕУ повеќе не смее да носи никакви одлуки кои би ги зголемиле цените на енергијата

Поради корупција приведен е екс портпаролот на полскиот претседателот Анджеј Дуда

А1он

Туск: Русија планираше „терористички акции“ во воздух