Американскиот претседател Џо Бајден, кој беше позитивен на тестот за ковид во четвртокот, се подобрува и добро ја поднесува терапијата, рече неговиот личен лекар во писмото објавено од Белата куќа.
„Симптомите стануваат полесни“, напиша Кевин О’Конор, кој во петокот рече дека на претседателот му оди подобро.
Џо Бајден (79) се уште има болки во грлото, кашлица, болки во мускулите и течење на носот.