Завршува примирјето во Газа без договор

Од:

Примирјето на подрачјето на Газа, кое е во сила речиси од почетокот на минатата недела, завршува денеска. И додека судирите во текот на изминатата недела се смирија, останува прашањето што ќе се случи откако примирјето ќе заврши, бидејќи мировните преговори меѓу Палестинците и Израелците во Каиро засега не дале резултат.

Набил Саат, висок палестински претставник, вели дека нема надеж дека преговорите ќе завршат со договор.

– Не напредуваме баш најдобро, што не дава причини за оптимизам, вели тој.

Преку преговорите во Каиро, двете страни со денови се обидуваат да ги решат несогласувањата кои веќе со децении предизвикуваат големи судири и илјадници жртви.

Израел бара повлекување на Хамас од подрачјето на Газа и предавање на оружјето што го поседува.

Премиерот Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел до самиот крај ќе ги брани сопствените интереси.

Од друга страна, Палестинците не сакаат да се согласат да го предадат оружјето се додека истото не го сторат и израелските војници.

Би можело да ве интересира

Ердоган пред Генералното собрание на ОН повика на сојуз на човештвото за да се запре геноцидот во Газа

ВИДЕО: Израелската војска упадна во канцеларијата на Ал Џезира на Западниот Брег со наредба за затворање

Хезболах го изврши најдлабокиот напад во Израел од почетокот на војната

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Иран претстави оружје што ги прави работите на Блискиот исток понеизвесни

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Втор бран напади во Либан, сега воки-токи експлодираат

Почнува одмаздата кон Израел: Испукани ракети

Предраг Петровиќ