Завршија тридневните заеднички поморски воени вежби на САД и Јужна Кореја во Филипинско Море, што се одржуваше во тензичен период со Северна Кореја.
Воената вежба почна во близина на јапонскиот остров Окинава, тоа е прва заедничка воена вежба во која учествуваа американски носачи на авиони од ноември 2017 година.
Во поморската воена вежба учествуваа три американски и три јужнокорејски носачи на авиони. Маневрите уследија по средбата на јужнокорејскиот претседател Јун Сук-јеол со американскиот колега Џо Бајден во Сеул, на која се разговараше за начините како Вашингтон да го заштити својот сојузник од заканите од Северна Кореја.
Специјалниот претставник на САД за Северна Кореја, Сунг Ким вчера изјави дека Вашингтон е „подготвен за сите непредвидени ситуации“ во тесна соработка со Јужна Кореја и Јапонија.
Според разузнавачки информации Северна Кореја продолжува со подготовките на полигонот за нуклеарни тестирања во градот Пундери. Тоа би била седма нуклеарна проба на Северна Кореја од 2006.
Нуклеарните преговори меѓу Вашингтон и Пјонгјанг се во застој од 2019 година поради несогласувањата околу санкциите наметнати од САД кон Северна Кореја.
Извор: МИА