Заврши сослушувањето на Трочањи, се очекува одлука од пратениците

Од:

По кусо сослушување во комисијата за правни прашања, кандидатот за комесар за проширување, Ласло Трочањи не им се обрати на медиумите и веднаш замина.

Трочањи денеска беше испрашуван од страна на комисијата за правни работи на Европарламентот во врска со можен конфликт на интереси со неговата адвокатска фирма за време на неговиот министерски мандат.

Пред него пратениците ја испрашуваа романската кандидатка, Рована Плумб.

Ова е прв пат двајца комесари да бидат повикани на разговор во оваа парламентарна комисија пред официјалните сослушувања кои започнуваат идната недела.

Пред малку комисијата за правни прашања на тајно гласање ја отфрли кандидатурата на Плумб по испрашувањето. Во прашање се разликите во имотот што го пријавила во Романија и тој пријавен во ЕУ.

Сега комисијата треба, исто така на тајно гласање, да одлучи дали е прифатлива кандидатурата на Трочањи, и дали е утврден конфликт на интереси, одлуката се очекува во наредните часови.

Според познавачите во Парламентот, има шанси тој да биде отфрлен поради фактот што Социјалистите ќе сакаат да го возвратат ударот врз нивната кандидатката, Плумб. Доколку Трочањи биде прифатен од страна на оваа комисија, се очекува Социјалистите да бидат жестоки кон него на официјалното сослушување.

Иако теоретски сега претседателката на Европската Комисија би можела да инсистира Романката да биде сепак официјално сослушана идната недела од Парламентот, конкретно шансите се мали бидејќи мислењето на правната комисија претставува предуслов за кандидатите.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он