Заврши големата годишна прес-конференција на рускиот претседател Владимир Путин, која траеше вкупно три часа и 56 минути, одговарајќи на 55 прашања.
Настанот се одржа во изложбениот центар Манеж во Москва, а годинава за него беа акредитирани 507 претставници на медиуми, вклучително странски и регионални.
Минатата година прес-конференцијата траеше четири часа и 29 минути, а Путин одговори на 60 прашања. Тогаш, поради пандемијата на Ковид-19, настанот се одржа во онлајн формат, а претседателот комуницираше со медиумите преку видео линк.